Црвена звезда наскоро официјално треба да го потврди Алберт Риера за нов тренер на тимот. Шпанецот веќе го формира и својот стручен штаб, а со него во Белград се очекува да пристигнат првиот асистент Пабло Ремон Артета и италијанскиот аналитичар Лоренцо Долчети.
Риера и Артета соработуваат уште од почетокот на тренерската кариера на Шпанецот, а заедно работеле во Олимпија, Целје, Бордо и Ајнтрахт.
Еден од првите приоритети на новиот тренер ќе биде изборот на кондициски тренер и тренер за голмани.
Времето за Риера е ограничено, бидејќи Црвена звезда мора навреме да го пријави тренерот во УЕФА, а за само шест дена тимот го очекува првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.

