HomeСПОРТБИЛ ПРЕДОДРЕДЕН ДА БИДЕ КРАЛ

БИЛ ПРЕДОДРЕДЕН ДА БИДЕ КРАЛ

Неверојатна приказна доаѓа од Уганда, каде што фудбалски голман од англиска нисколигашка екипа одбил можност да седне на кралскиот престол. Џорџ Камураси бил еден од кандидатите за наследник на починатиот крал на кралството Торо, но наместо круна избрал да продолжи да брани за својот клуб во Англија.

Камураси настапува за SE Dons, а неодамна беше меѓу играчите на тимот во квалификацискиот натпревар за ФА Купот против Ерит Таун, во кој неговата екипа славеше со 2:0.

По смртта на кралот Ојо Нјимба Кабамба Игура Рукиди IV, кој бил негов братучед, Камураси требало да се врати во Уганда и да ја преземе кралската титула. Сепак, голманот решил да не ја прифати понудената улога и да остане во Англија.

Нов владетел на Торо станал Едвард Рукиди Кијанангома, новинар и уредник на државната телевизија.

Кралството Торо е едно од четирите традиционални кралства кои и денес постојат на територијата на Уганда, иако нивната улога во современата држава е главно традиционална и културна.

Починатиот Рукиди IV починал во САД на 34-годишна возраст, по лекување од агресивна форма на рак. На престолот дошол уште како тригодишно дете, а официјално бил крунисан кога наполнил 18 години.

Во моментот на смртта беше познат како најмладиот актуелен монарх во светот.

Наместо да ја замени фудбалската кариера со кралскиот живот, Камураси донел необична одлука – да остане во Англија и да продолжи со својот најголем спортски сон.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО