HomeГЛОБУСЕВРОПАГОЛФ ТДИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОДАВА

ГОЛФ ТДИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОДАВА

По речиси 50 години присуство на пазарот, Volkswagen донесе одлука да ја прекине продажбата на дизел верзиите на легендарниот Golf во Велика Британија. Причината е драстичниот пад на интересот за автомобили со дизел мотори и сè поголемата побарувачка за бензински, хибридни и електрични возила.

Од компанијата соопштија дека нови нарачки за Golf TDI повеќе нема да се примаат, а купувачите ќе можат да избираат само од преостанатите автомобили што се наоѓаат кај овластените продажни салони.

Дизел моторите беа составен дел од моделот Golf уште од 1976 година. Во текот на изминатите децении, верзиите TDI стекнаа огромна популарност низ Европа благодарение на економичната потрошувачка, сигурноста и долгата издржливост, а беа особено ценети и на Балканот.

Најновите податоци покажуваат дека интересот за дизел автомобили во Велика Британија продолжува да опаѓа. Во првите пет месеци од годинава се продадени помалку од 17.000 нови дизел возила, што претставува мал дел од вкупниот автомобилски пазар.

Поради тоа, Volkswagen ќе ја насочи понудата кон бензинските TSI мотори и хибридните eHybrid модели, кои стануваат сè побарани меѓу британските возачи.

Од германскиот производител нагласуваат дека оваа промена засега важи само за Велика Британија. На останатите европски пазари, каде што побарувачката за дизел автомобили сè уште е стабилна, Golf TDI останува во редовна продажба.

Одлуката се смета за уште еден доказ дека европската автомобилска индустрија забрзано преминува кон поеколошки технологии, додека дизел моторите постепено исчезнуваат од понудата на најголемите пазари.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО