Едвард Нортон во текот на кариерата има одиграно голем број запаметливи улоги, но постои и еден филм за кој актерот подоцна признал дека не му оставил особено добри спомени.
Станува збор за „Kingdom of Heaven“ на режисерот Ридли Скот од 2005 година, историски еп сместен во времето на крстоносните војни. Нортон во филмот го толкува кралот Балдвин IV, но неговото лице речиси целосно е скриено зад маска, а неговото име дури не се појавува ниту во одјавната шпица.
Актерот подоцна објаснил дека првично му била понудена многу поголема улога, но поради други обврски не можел да ја прифати. Наместо тоа, се договорил да снима само околу две недели.
Нортон изјавил дека сценариото првично било значително подолго и дека филмот требало да трае околу три часа. Според него, студиските одлуки довеле до скратување на материјалот, што значително влијаело врз конечната верзија.
Интересно е што години подоцна Ридли Скот ја објавил продолжената режисерска верзија на филмот. Таа верзија добила многу попозитивни реакции и денес често се издвојува како значително подобра од кино-верзијата.
Нортон во меѓувреме продолжува со нови филмски проекти, а меѓу нив е и биографската драма „Porto Rico“, во која ќе глуми заедно со Вигo Мортенсен.

