HomeТРЕНДЕСЕНСКИ БАЗАР СО УНИКАТНИ РАЧНО ИЗРАБОТЕНИ ПРОИЗВОДИ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

ЕСЕНСКИ БАЗАР СО УНИКАТНИ РАЧНО ИЗРАБОТЕНИ ПРОИЗВОДИ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Љубителите на уникатни ракотворби, оригинални подароци и домашни креативни производи од утре ќе имаат можност да откријат нови инспирации на Есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“, кој од 16 до 18 октомври ќе се одржува на приземјето во Скопје Сити Мол.

Настанот ќе ги собере на едно место 26 домашни ракотворци и креативни брендови, кои преку своите идеи и вештини создаваат производи со уникатен изглед, внимателно избрани материјали и личен печат. Посетителите ќе можат одблизу да ја запознаат нивната работа, но и да пронајдат оригинални предмети какви што ретко се среќаваат во понудата на масовното производство.

Од рачно изработен накит, современ филигран и креации од епоксидна смола и полимерна глина, до кожни производи, дрвени предмети и рачно насликана керамика – базарот ќе понуди разновиден избор за различни вкусови. Во понудата ќе има и природна козметика, миризливи свеќи, декоративни предмети за домот, декупаж, уметнички дела, детски ракотворби и други креативни производи изработени во мали серии.

На настанот ќе се претстават GAIA, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.

Посебната вредност на ваквите производи е во нивната оригиналност, но и во времето, трудот и креативноста вложени во нивното создавање. Секој предмет носи своја приказна, а зад него стојат луѓе кои преку рачната изработка го претвораат својот талент во препознатлив производ.

Со организацијата на базарот „Обоена есен, рачно создадена“, Скопје Сити Мол продолжува да создава простор за промоција на домашните креативци и малите бизниси, овозможувајќи им директно да се поврзат со публиката и да ја претстават разновидноста на локалната креативна сцена.

Есенскиот базар ќе биде отворен за посетители од 16 до 18 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол, каде што на едно место ќе се сретнат есенската атмосфера, рачната изработка и оригиналните идеи.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО