HomeСПОРТЗАГИНА 33-ГОДИШНИОТ ТРЕНЕР АНТОНИО САВЕВСКИ

ЗАГИНА 33-ГОДИШНИОТ ТРЕНЕР АНТОНИО САВЕВСКИ

Тажна вест го потресе македонскиот спорт. На само 33-годишна возраст животот го загуби охридскиот кошаркарски тренер Антонио Савевски, кој трагично настрада во сообраќајна несреќа на патот меѓу Охрид и Кичево.

Според досегашните информации, несреќата се случила во текот на ноќта, околу 23:30 часот. Возилото со кое управувал Савевски излетало од коловозот по претходен удар во кучиња скитници, а потоа удрило во металната заштитна ограда.

По несреќата возилото се запалило, а на местото интервенирале противпожарни екипи. За жал, за Савевски немало спас.

Неговото заминување е голема загуба за македонската кошарка. Савевски најголем дел од својата работа ја посветил на младите категории, каде што со години им помагал на младите кошаркари да ги направат првите чекори и да го развиваат својот талент.

Во текот на својата тренерска кариера бил поврзан со повеќе клубови и кошаркарски школи, меѓу кои Охрид, Водно Санс, Вардар и Ангели.

Веста за неговата трагична смрт предизвика бројни реакции во македонската спортска јавност. Колеги, клубови, спортисти и пријатели се простуваат од млад тренер кој својот живот го посветил на кошарката и на работата со најмладите.

Савевски ќе остане запаметен како човек кој со голема посветеност работел на развојот на младите кошаркари, а неговото прерано заминување остава голема празнина во спортската заедница.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО