Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска во 14 часот ќе ја продолжи седницата на која се разгледуваат трите предлог-закони од областа на високото образование и науката.
На дневен ред се законските решенија за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и научната дејност, како и законот за научноистражувачка дејност.
Седницата беше прекината по барање на пратениците од ДУИ, кои посочија дека поради закажани активности во други собраниски комисии не можат целосно да учествуваат во расправата. Тие сметаат дека предложените закони се значајни и заслужуваат подетална анализа пред да продолжи нивното разгледување.
По продолжувањето на седницата, Комисијата ќе ја започне расправата по предложените законски решенија, кои потоа ќе бидат доставени во понатамошна собраниска постапка.

