HomeСПОРТЛЕБРОН ЏЕЈМС И НА 41 ГОДИНА ГИ ВООДУШЕВУВА НАВИВАЧИТЕ

ЛЕБРОН ЏЕЈМС И НА 41 ГОДИНА ГИ ВООДУШЕВУВА НАВИВАЧИТЕ

Леброн Џејмс продолжува да ги поместува границите и во својата 41. година од животот и 24. сезона во НБА-лигата. Искусниот кошаркар одигра одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија 76ерс над актуелниот шампион Њујорк Никс со 98:93, во рамките на НБА-купот.

Џејмс средбата ја заврши со 20 поени, девет скока и осум асистенции, потврдувајќи дека и понатаму може да биде клучен фактор во најважните моменти. Неговото искуство и квалитет особено дојдоа до израз во завршницата, кога Филаделфија се соочи со сериозен притисок од противникот.

Никс во последната четвртина се обидоа да направат пресврт, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и половина пред крајот.

Сепак, Џејмс веднаш одговори со поени за ново водство на Филаделфија. Набргу потоа В. Џеј Еџкомб погоди важна тројка и ја зголеми предноста на гостинскиот тим.

Конечниот удар го зададе токму Џејмс, кој по промашувањето на својот соиграч ја искористи ситуацијата и постигна кош со кој практично ги урна надежите на актуелниот шампион за пресврт.

Искусниот ас во текот на натпреварот покажа дека сè уште располага со извонредни физички способности. Во првото полувреме со силен продор го надмина Микал Бриџис и реализираше, додека во третата четвртина со атрактивна блокада го запре обидот на О Џи Ануноби.

Најефикасен кошаркар во победничкиот состав беше Тајрис Макси со 27 поени, додека Џејмс придонесе со уште еден одличен индивидуален настап. Кај Њујорк, Џејлен Брансон беше прв стрелец со 24 поени, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне поразот.

Филаделфија така стигна до значајна победа во НБА-купот, а Леброн уште еднаш покажа дека и во петтата деценија од животот може да игра кошарка на највисоко ниво.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО