HomeСПОРТЛЕНДЕБОРГ ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВАШЕ ДОНЧИЌ

ЛЕНДЕБОРГ ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВАШЕ ДОНЧИЌ

Дебито во НБА-лигата за Јаксел Лендерборг од Голден Стејт Вориорс беше проследено со пораз од Лос Анџелес Лејкерс со 127:105, но најголемо внимание по натпреварот привлече неговиот вербален напад врз Лука Дончиќ. Младиот кошаркар не го криеше разочарувањето од однесувањето на словенечката ѕвезда, тврдејќи дека постојаното реагирање кон судиите му го сменило мислењето за него.

Лендерборг призна дека претходно имал високо мислење за Дончиќ, иако не следел премногу натпревари од НБА. Според него, впечатокот што го стекнал гледајќи ги неговите настапи се променил кога лично се соочил со него на теренот.

„Има многу глумење, изнудување прекршоци и жалење кај судиите. Го почитував, но откако го доживеав тоа во живо, го изгубив целото почитување“, изјавил Лендерборг по средбата.

Тој дополнително објаснил дека не му пречело тоа што Дончиќ добивал прекршоци, туку начинот на кој, според неговите зборови, постојано реагирал за време на натпреварот. Лендерборг сметал дека Словенецот премногу се жалел и потоа провоцирал противниците по досудените прекршоци.

Напнатоста меѓу двајцата била забележлива и за време на втората четвртина, кога влегле во вербална расправија. Лендерборг открил дека му упатил провокации на Дончиќ, обвинувајќи го дека повеќе зборува отколку што постигнува кошеви против него. Признал и дека употребил пцовки, поради што добил техничка грешка.

И покрај критиките, Дончиќ натпреварот го заврши со 28 поени, осум скока и седум асистенции. Тој имаше послаб шут од поле, погодувајќи седум од 18 обиди, но неговиот тим убедливо славеше.

Лендерборг, од друга страна, дебитираше со 12 поени и три скока. Според објавените податоци, во директните дуели успеал да го запре Дончиќ во четири обиди за шут, пред словенечкиот кошаркар да погоди тројка од средината на теренот на крајот од првото полувреме.

Иако неговиот тим претрпе убедлив пораз, дебито на Лендерборг остана во фокусот и поради острите изјави за една од најпознатите ѕвезди во лигата. Неговите коментари дополнително ја засилија приказната за тензиите што го одбележаа натпреварот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО