HomeМКДМАКЕДОНСКО - СРПСКИ ПАТРОЛИ ВО ОХРИД

МАКЕДОНСКО – СРПСКИ ПАТРОЛИ ВО ОХРИД

Како и секоја туристичка сезона, така и ова лето во Охрид повторно ќе бидат ангажирани полициски службеници од Србија, кои заедно со своите колеги од Македонија ќе се грижат за безбедноста на граѓаните и бројните туристи.

Заедничките полициски патроли ќе функционираат од 7 јули до 31 август, согласно Протоколот за соработка што со години го спроведуваат двете министерства за внатрешни работи во текот на летната сезона.

Во состав на српскиот тим ќе има униформирани полицајци и припадник на криминалистичката полиција, кои ќе бидат присутни на најпосетените локации во Охрид и ќе работат заедно со македонските полициски службеници.

Целта на оваа соработка е да им се обезбеди поголема сигурност на туристите, особено на големиот број посетители од Србија, како и да се овозможи побрза комуникација и поефикасна помош доколку се појави потреба.

Ваквиот модел на заеднички патроли веќе неколку години успешно се применува за време на летната сезона и претставува дел од долгогодишната соработка меѓу македонската и српската полиција во интерес на безбедноста на туристичките центри.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО