Министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на НАТО активностите во Анкара, каде главни теми беа развојот на одбраната, новите технологии и зајакнувањето на соработката меѓу сојузниците.
На форумот за одбранбена индустрија се разговараше за модернизација на армиите, заеднички набавки и развој на домашната воена индустрија. Мисајловски посочи дека Македонија продолжува со вложувања во опремување и унапредување на капацитетите на Армијата.
Во рамките на самитот, Македонија учествуваше и во иницијативата за НАТО обука на воздухопловен персонал во Европа, која има цел да создаде единствен систем за подготовка на пилоти и технички кадар според стандардите на Алијансата.
Мисајловски оствари средби и со други министри за одбрана, при што ја истакна соработката со Турција и важноста од заедничкото делување за регионалната безбедност.
Тој нагласи дека инвестициите во одбраната и модернизацијата на Армијата се дел од обврските кон НАТО, но и од потребата за поголема безбедност на државата.

