HomeМКДЕкономијаМЕЏИТИ И ЃОРЃИЕВСКИ НА ФЕСТИВАЛОТ „РИТАМОТ НА ЧАРШИЈАТА“

МЕЏИТИ И ЃОРЃИЕВСКИ НА ФЕСТИВАЛОТ „РИТАМОТ НА ЧАРШИЈАТА“

Зачувувањето на старите занаети и традиции, како и поголемата поддршка за локалните дуќани, беа меѓу главните пораки на фестивалот „Ритамот на чаршијата“, на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на Еснафот на Старата скопска чаршија.

Настанот беше посветен на културното богатство на Чаршијата и на нејзиното значење за историјата и препознатливоста на главниот град. Покрај архитектурата и историските знаменитости, посебно внимание беше посветено на занаетчиите и трговците кои со својата работа ја одржуваат нејзината традиција и автентичност.

Меџити истакна дека Старата скопска чаршија е важен дел од идентитетот на Скопје и дека нејзината вредност произлегува и од луѓето кои секојдневно работат во неа. Тој посочи дека преку соработка со Град Скопје и Еснафот ќе продолжи поддршката за активности што ја промовираат културата, ги зачувуваат традиционалните занаети и создаваат услови за развој.

Според него, Чаршијата заслужува поголемо внимание, инвестиции и конкретни мерки за зачувување на нејзиниот дух и зајакнување на нејзината економска улога.

Фестивалот „Ритамот на чаршијата“ воедно ја истакна потребата од заеднички ангажман на институциите, занаетчиите и локалните бизниси за ова историско јадро да продолжи да живее и да биде привлечно за граѓаните и туристите.

Од Општина Чаир најавуваат дека ќе продолжат со соработката со Град Скопје и претставниците на Чаршијата, со цел промоција на културното наследство и поддршка на традиционалните дејности што се важен дел од туристичката и економската понуда на градот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО