HomeГЛОБУСПОЖАРОT ВО БЕЛГИЈА СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

ПОЖАРОT ВО БЕЛГИЈА СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

Најголемиот шумски пожар во Белгија во последните сто години е ставен под контрола по седумдневната интервенција во природниот резерват Хај Фенс, во близина на границата со Германија. На терен и натаму се околу 350 пожарникари и припадници на итните служби, а во гаснењето помагаат и голем број земјоделци.

Од кабинетот на локалниот гувернер соопштија дека пожарот повеќе не би требало да се шири, но предупредија дека ситуацијата зависи од временските услови и можните непредвидени околности.

Пожарот во текот на викендот нагло се проширил и зафатил површина споредлива со половина Менхетн. Уништени се големи делови од тресетиштата, боровите шуми и пешачките патеки. Силниот ветер дополнително го отежнувал гаснењето, а во регионот бил регистриран и помал торнадо.

Западниот дел од пожариштето е целосно изгаснат, додека на источната страна операциите продолжуваат. Седум авиони од Германија, Норвешка, Белгија и Шведска исфрлаат вода врз рабовите на пожарот и околниот терен, каде температурите на почвата сè уште се исклучително високи.

По завршувањето на воздушните операции, надзорот ќе го преземат дронови на цивилната заштита, кои ќе бараат можни нови жаришта. Надлежните предупредуваат дека ќе бидат потребни недели, а можеби и месеци, за целосно натопување на теренот и спречување на повторно избувнување на огнот.

Властите во средата ги укинаа сите наредби за евакуација во пограничниот регион. Жителите на неколку белгиски населби, како и на еден град од германската страна на границата, добија дозвола да се вратат во своите домови.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена. Гаснењето било особено тешко поради специфичниот терен на резерватот, кој се состои од вриштини, тресетишта и дрвени пешачки патеки.

Пожарот избувнал на подрачје кое било погодено од големи пожари и во 1911 година, исто така во период на топлотен бран. Станува збор за најголемиот шумски пожар во Белгија од тој период.

Во меѓувреме, Европа и понатаму се соочува со големи шумски пожари поради сушата и екстремно високите летни температури. Големи пожари се активни и во Франција, Грција, Португалија и Шпанија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО