HomeТРЕНДЌЕРКАТА НА СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ СЕ ВЕРИ

ЌЕРКАТА НА СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ СЕ ВЕРИ

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне има повод за славење во семејството – неговата најстара ќерка Софија објави дека се свршила со долгогодишниот партнер Мајкл Шихан.

Софија, која неодамна го прослави својот 30. роденден, радосната вест ја сподели на социјалните мрежи со фотографии од романтичната просидба. На снимките и фотографиите во центарот на вниманието е свршеничкиот прстен, додека Мајкл е прикажан како клекнува опкружен со рози и свеќи.

По објавата следуваа бројни честитки од семејството и пријателите. Нејзините сестри Систин и Скарлет меѓу првите ѝ честитаа, а порака упатила и Парис Хилтон.

Софија подоцна го сподели моментот и со своите родители, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин. Познатиот актер гордо застана покрај својата ќерка додека таа го покажуваше прстенот.

Сталоне со години е познат како особено заштитнички настроен татко кон своите три ќерки. Во едно телевизиско гостување тој дури се пошегувал дека би сакал тие да останат сами, а неговите ќерки во повеќе наврати раскажувале дека потенцијалните момчиња биле прилично исплашени од средбата со нивниот татко.

Софија и нејзините сестри претходно откриваа дека Сталоне знаел многу брзо да процени дали некоја врска има иднина, а понекогаш дури им помагал и при раскинување.

Сега, сепак, се чини дека Мајкл Шихан го поминал познатиот „татков тест“ и добил место во семејството Сталоне.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО