Пратениците во Бугарија одлучија нивните плати да останат на сегашното ниво, без ново зголемување во наредниот период. Одлуката беше поддржана едногласно во парламентот.
Со усвоените измени се укинува и механизмот за автоматско усогласување на пратеничките примања, кој досега овозможуваше редовни корекции на платите.
Од предлагачите на мерката беше истакнато дека во услови на економски предизвици, носителите на јавни функции треба да покажат одговорност и солидарност кон граѓаните.
Пратеничките плати ќе останат пресметани врз основа на просечните примања во јавниот сектор регистрирани во март 2026 година.

