HomeСПОРТЛИВЕРПУЛ ГО КУПУВА БАРКОЛА ЗА ОГРОМНА СУМА

ЛИВЕРПУЛ ГО КУПУВА БАРКОЛА ЗА ОГРОМНА СУМА

Ливерпул е пред реализација на спектакуларен трансфер кој може да влезе меѓу најскапите во историјата на фудбалот. Англискиот клуб постигнал договор со ПСЖ за ангажман на францускиот репрезентативец Бредли Баркола.

Според информациите на новинарот Дејвид Орнштајн, Ливерпул ќе плати фиксни 125 милиони евра, додека дополнителни 20 милиони евра се предвидени преку бонуси. Баркола треба во следните 24 часа да ги помине медицинските прегледи, по што се очекува да потпише петгодишен договор.

Францускиот крилен напаѓач во ПСЖ пристигна во 2023 година од Лион за околу 45 милиони евра. Во дресот на парискиот клуб досега настапил на 152 натпревари, на кои постигнал 39 гола и запишал 37 асистенции.

Во периодот поминат во ПСЖ, Баркола освои три титули во француското првенство, два трофеи во Лигата на шампионите, два домашни купа и Интерконтиненталниот куп.

Фиксниот трансфер од 125 милиони евра би го поставил Баркола меѓу најскапите фудбалери во историјата. Со таа сума би се израмнил на седмото место на листата на најскапи трансфери, заедно со Јан Диоманде, кој неодамна премина од Лајпциг во Реал Мадрид за истата сума.

Доколку Ливерпул ги активира и сите бонуси, вкупната вредност на трансферот би достигнала 145 милиони евра, со што Баркола би се искачил на третото место на листата на најскапи трансфери. Пред него би останале само најскапите зделки во историјата на фудбалот.

Интересно е што Ливерпул веќе има искуство со рекордно скапи трансфери. Клубот минатото лето го ангажираше Александар Исак, а доколку бонусите за Баркола бидат активирани, францускиот репрезентативец би го надминал токму него на листата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО