Автомобилската индустрија доби огромен поттик на почетокот на 20 век, кога Ford го претстави моделот кој подоцна ќе стане еден од најпознатите автомобили во историјата.
На 1 октомври 1908 година во фабриката на Ford во Детроит бил завршен првиот сериски произведен Model T. Возилото било наменето за поширок круг купувачи и постепено помогнало автомобилот да престане да биде луксуз достапен само за богатите.
Во следните години производството значително се зголемило, а до 1927 година биле произведени околу 15 милиони примероци. Model T останал симбол на почетокот на масовната автомобилска ера.

