HomeМКДШАСИВАРИ НАЈАВИ ПРОМЕНИ ВО НОТАРИЈАТOТ

ШАСИВАРИ НАЈАВИ ПРОМЕНИ ВО НОТАРИЈАТOТ

Поедноставување на нотарските услуги, намалување на административните пречки и усогласување на законската регулатива со европските стандарди се меѓу приоритетите на Министерството за правда во претстојниот период.

Овие прашања беа во фокусот на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на која присуствуваше и министерот за правда Блерим Шасивари. Настанот се одржува под мотото „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.

Во своето обраќање, Шасивари ја нагласи важноста на нотарската професија за функционирањето на правниот систем, особено во заштитата на сопственичките права, семејните односи и правната сигурност при склучувањето трансакции.

Тој посочи дека граѓаните мора да имаат доверба во институциите, а за тоа се неопходни професионалност, независност, интегритет и одговорно работење.

Министерот најави дека во рамките на реформските процеси и европската интеграција ќе се работи на модернизирање на прописите што ја уредуваат нотарската дејност, како и на воведување дигитални решенија во постапките и услугите.

Целта, како што посочи, е граѓаните да добиваат услуги побрзо и со помалку административни процедури, пониски трошоци и поголема транспарентност.

Шасивари оцени дека реформите ќе бараат тесна соработка со Нотарската комора, бидејќи практичната примена на законите и искуството на нотарите се важен дел од процесот на подобрување на системот.

Тој изрази очекување дека „Нотарски денови 2026“ ќе придонесат за размена на мислења и искуства, како и за изработка на конкретни предлози за унапредување на нотаријатот во земјата.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО