HomeГЛОБУСКАНАДА И САД СО ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ

КАНАДА И САД СО ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ

Преговорите меѓу Канада и САД за ублажување на трговските ограничувања засега не носат значителен напредок. Висок претставник на канадската влада, директно вклучен во разговорите, потврдил дека резултатите од досегашните средби се ограничени, објави „Ројтерс“.

Разговорите се интензивирале откако во понеделникот беше објавено дека двете земји работат на можен договор со кој би се намалиле американските царини за канадскиот челик и автомобилите.

Трговскиот спор создава дополнителен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп и неговата Републиканска партија во пресрет на изборите за Конгресот следната недела. Републикански кандидати во сојузните држави што граничат со Канада бараат решавање на спорот, бидејќи царинските мерки влијаат врз трговските односи меѓу двете соседни земји.

Во центарот на најновите разговори се царините воведени врз основа на членот 232 од американскиот Закон за трговија. Со овие мерки се предвидени давачки до 50 проценти за канадскиот челик и 25 проценти за автомобилите.

Американското Министерство за трговија, кое е одговорно за спроведувањето на царините, засега не одговорило на барањето за коментар.

Трамп во неделата изјави дека очекува трговскиот спор да биде решен „наскоро“, но не откри детали за можниот договор. Канадскиот премиер Марк Карни, пак, ден подоцна соопшти дека преговорите меѓу двете земји добиле нешто поголем интензитет.

И покрај засилените дипломатски контакти, засега нема конкретни показатели дека Вашингтон и Отава се блиску до конечен договор за намалување на царинските бариери.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО