Кремљ го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за средба со рускиот лидер Владимир Путин во рамки на самитот Г20 во САД, оценувајќи дека таква можност во моментов не доаѓа предвид.
Зеленски изјави дека е подготвен да отпатува на самитот во Мајами во декември и да се сретне со Путин доколку и рускиот претседател биде присутен.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Путин е подготвен за разговор со Зеленски, но само доколку средбата се одржи во Москва. Засега нема потврда дека Путин ќе учествува на самитот Г20.
Зеленски смета дека директните разговори се неопходни за да се постигне конкретен резултат и тврди дека Украина денес е во подобра позиција отколку пред една година.
Во меѓувреме, дипломатските напори за започнување директни преговори продолжуваат. Вашингтон инсистира на дијалог меѓу Москва и Киев, но територијалните прашања остануваат една од најголемите пречки.
Русија, од друга страна, повторува дека е подготвена за разговори, но не најавува прекин на воените операции додека траат преговорите.

