Пушењето останува сериозен јавно-здравствен проблем во Македонија, каде што бројот на активни пушачи е значително над европскиот просек.
Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 45,4 отсто од населението во земјата се активни пушачи. Тоа ја става Македонија меѓу државите со највисока стапка на употреба на тутун.
За споредба, просекот во Европа изнесува околу 25,9 отсто кај населението постаро од 15 години.
Особено високи стапки се регистрираат и во повеќе балкански земји. Во Бугарија и Србија пушат околу 39,5 отсто од возрасните, додека во Хрватска стапката е околу 37 отсто, а во Грција 32,8 отсто.
Високата распространетост на пушењето го наметнува прашањето за поефикасна превенција и мерки за намалување на употребата на тутун, особено кај младите.

