И покрај богатата кариера исполнета со филмски класици и престижни награди, Софија Лорен има гледано и филм за кој воопшто не штедела критики. Станува збор за римејк од 2000-тите, зад кој стои режисерот Гај Ричи, а главната улога ја има Мадона.
Филмот „Swept Away“ од 2002 година е римејк на италијанскиот филм на Лина Вертмилер од 1974 година. Во оригиналот, приказната го следи необичниот однос меѓу богата жена и комунистички морнар кои по несреќни околности завршуваат на пуст остров.
Во новата верзија, Мадона ја презеде главната женска улога, додека машкиот лик го одигра Адријано Џанини, син на актерот Џанкарло Џанини, кој ја имаше истата улога во оригиналот.
Римејкот не помина добро ниту кај критичарите, ниту кај публиката. Филмот беше проследен со негативни реакции, а Мадона за својата изведба доби и неколку награди „Златна малина“.
Софија Лорен била особено остра во својата оценка и филмот го опишала како најлошиот што некогаш го гледала.
Интересно е што години подоцна и самиот Гај Ричи призна дека снимањето на овој филм било лошо искуство за него. Режисерот кажал дека со проектот излегол од својата дотогашна зона на комфор и дека подоцна сфатил колку скапо го чинела таа одлука.
По овој неуспех, Ричи продолжил со други проекти, а со „RocknRolla“ од 2008 година повторно започнал да добива подобри реакции од филмската публика.

