HomeМКДГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИЛИНДЕН ИЗБРАН ВО РАКОВОДСТВОТО НА АРЛЕМ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИЛИНДЕН ИЗБРАН ВО РАКОВОДСТВОТО НА АРЛЕМ

Општина Илинден ќе добие свое претставништво во највисокото раководно тело на Евро-медитеранското регионално и локално собрание (АРЛЕМ), откако градоначалникот Александар Георгиевски беше избран за член на неговото Биро. Од Општината оценуваат дека ова отвора можности за нови меѓународни контакти, партнерства и поголема соработка со локалните власти од Европа и Медитеранот.

Одлуката за изборот била потврдена на 17. пленарна седница на АРЛЕМ, одржана во Тирана, Албанија. Георгиевски учествувал на седницата како претставник на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).

АРЛЕМ функционира во рамките на Европскиот комитет на регионите и претставува платформа за дијалог, размена на искуства и соработка меѓу локалните и регионалните власти од европските и медитеранските земји. Неговото Биро е надлежно за раководење со работата на организацијата и насочување на нејзините активности.

Со новата функција, Георгиевски ќе има можност да учествува во утврдувањето на стратешките приоритети и креирањето на идните активности на АРЛЕМ, како и во унапредувањето на соработката меѓу општините и регионите.

Мандатот на градоначалникот на Илинден ќе трае две и пол години, а функцијата официјално ќе ја преземе во јули 2027 година.

Според Општина Илинден, изборот претставува признание за општината и за државата, со потенцијал за зајакнување на нивната меѓународна видливост. Се очекува новата позиција да придонесе за воспоставување партнерски односи со европски и медитерански општини, размена на добри практики и развој на заеднички проекти од локално и регионално значење.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО