HomeСПОРТБАЈЕРН ОСТАНА БЕЗ САИБАРИ НА ТРИ ДО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

БАЈЕРН ОСТАНА БЕЗ САИБАРИ НА ТРИ ДО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

Бајерн Минхен се соочува со сериозен проблем во продолжението од сезоната, откако мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари ќе мора да паузира меѓу три и четири месеци поради тешка повреда на десниот зглоб. Информацијата ја потврди спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл.

Саибари се повреди во саботниот натпревар против Борусија Дортмунд, кој заврши нерешено 2:2. До повредата дошло по судир со голманот Грегор Кобел, а медицинските прегледи покажале скинат синдезмотски лигамент. Фудбалерот веќе бил опериран, а според информациите од клубот, интервенцијата поминала успешно.

Еберл откри дека Саибари веќе се појавил на заедничкиот ручек со екипата, но нагласи дека неговото враќање на терените нема да биде брзо.

„Операцијата вчера помина добро. Денеска веќе седеше со нас на ручек. Бев изненаден и го прашав дали закрепнувањето ќе трае две или три недели. Малку се насмеа и ми одговори: два и пол. Но, тоа веројатно нема да биде случај. Очекуваме да отсуствува од три до четири месеци поради скинатиот синдезмотски лигамент“, изјави Еберл.

Според ваквата прогноза, мароканскиот фудбалер би можел да се врати на терените дури во февруари или март 2027 година. Неговото отсуство е дополнителен удар за Баерн, бидејќи на дуелот со Дортмунд се повреди и Серж Гнабри, кај кого е утврдена мускулна повреда на задната ложа на левата нога.

Саибари пристигна во Минхен на 1 јули 2026 година од холандски ПСВ Ајндховен. Според медиумските проценки, трансферот изнесувал околу 50 милиони евра, а со бонусите сумата би можела да достигне 55 милиони евра. Клубовите не ги објавија официјално финансиските детали, но ПСВ потврди дека станува збор за најскапата продажба во историјата на клубот.

Мароканецот потпиша петгодишен договор со Баерн, до летото 2031 година, и го доби дресот со бројот 34. Германскиот шампион го доведе како универзален офанзивец, способен да игра зад напаѓачот, на крилните позиции, но и во самиот напад.

Спортскиот директор Еберл претходно откри дека клубот подолго време го следел Саибари, а особено ги импресионирал неговиот настап против Баерн во Лигата на шампионите во јануари 2026 година, кога постигнал гол во победата на германскиот тим од 2:1.

Во досегашниот дел од сезоната Саибари одиграл 14 официјални натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнал три гола и забележал три асистенции.

Фудбалерот е роден на 28 јануари 2001 година во шпанската Тераса, а детството го поминал во Белгија, каде што неговото семејство се преселило кога имал шест години. Фудбалски се развивал во младинските академии на Андерлехт, Мехелен и Генк, пред во 2020 година да премине во ПСВ.

Во холандскиот клуб постепено се изборил за место во првиот тим и во шест години освои три последователни шампионски титули, два национални купа и три суперкупа. За првиот тим на ПСВ одиграл 142 натпревари, на кои постигнал 42 гола и забележал 29 асистенции.

Особено успешна за него била сезоната 2025/26, во која на 27 првенствени натпревари постигнал 15 голови и имал осум асистенции, што му го донело признанието за најдобар фудбалер во холандското првенство.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО