По повод Денот на независноста, денеска беа доделени државните признанија „8 Септември“ за спортски достигнувања.
На свеченоста беа наградени спортисти и спортски работници кои со своите резултати и долгогодишен ангажман придонеле за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.
Признанието за животно дело годинава му припадна на Трајче Димков, како признание за неговиот долгогодишен придонес во спортот.

