HomeТРЕНДПО 399 ГОДИНИ СТАВИ КЛУЧ НА ВРАТА

ПО 399 ГОДИНИ СТАВИ КЛУЧ НА ВРАТА

По речиси четири века производство, една од најпознатите германски пиварници заминува во историјата. Пиварницата „Wolters“ од Брауншвајг престанува со работа, откако не успеала да го надмине падот на продажбата и да најде инвеститор кој би го спасил производството.

Одлуката директно ќе влијае врз околу 90 вработени, кои биле информирани дека производниот погон ќе биде затворен.

Пиварницата е основана во 1627 година, а оваа година требаше да одбележи речиси четири века постоење. На почетокот на годината компанијата поднела барање за стечај, но напорите да се најде нов сопственик или инвеститор не дале резултат.

Затворањето е уште еден показател за проблемите со кои се соочува германската пиварска индустрија. Потрошувачката на пиво во земјата со години опаѓа, а статистичките податоци покажуваат дека минатата година германскиот пазар забележал најголем пад од обединувањето на земјата во 1990 година.

Од синдикатот NGG ја критикуваа брзината со која била донесена одлуката за затворање, оценувајќи дека процесот не изгледа како долгорочно преструктурирање на компанијата.

Од управата, пак, велат дека затворањето на производството во Брауншвајг било неизбежно. Во исто време продолжуваат разговорите со потенцијални заинтересирани страни за евентуално зачувување на брендот „Wolters“.

Со затворањето на погонот, Брауншвајг се соочува со губење на дел од својата индустриска традиција, додека брендот кој започнал да произведува пиво пред речиси 400 години се соочува со неизвесна иднина.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО