Доминик Ливаковиќ направи еден од најголемите чекори во кариерата – хрватскиот голман официјално се пресели во Барселона, каде што ќе биде дел од тимот на Ханси Флик.
31-годишниот голман пристигнува од Фенербахче во трансфер вреден два милиони евра, со можност сумата да се зголеми преку бонуси. Во каталонскиот клуб ќе има улога на замена за Жоан Гарсија, додека Војчех Шчесни влегува во последната година од договорот.
Но, зад неговиот пат до Барселона стои и една интересна приказна поврзана со Лука Модриќ.
Пред Светското првенство во Катар во 2022 година, Модриќ имал директен разговор со Ливаковиќ и му посочил дека стравот од грешка му влијае и на настапите и на целата репрезентација.
Пораката била едноставна: да престане да се плаши од грешки и да почне да верува во своите квалитети.
Ливаковиќ очигледно ја сфатил сериозно. Само една година подоцна стана еден од хероите на Хрватска на Мундијалот во Катар, со спектакуларни одбрани, особено во пенал-сериите против Јапонија и Бразил.
Четири години подоцна, голманот кој некогаш добил совет да ја промени својата психологија денеска е дел од еден од најголемите клубови во светот.

