HomeТРЕНДЛЕЈДИ ГАГА СТАНА МАЈКА

ЛЕЈДИ ГАГА СТАНА МАЈКА

Лејди Гага за првпат стана мајка. Американската поп-ѕвезда и нејзиниот свршеник Мајкл Полански го добиле своето прво дете, објавија американските медиуми.

Веста доаѓа откако Гага и Полански биле забележани во Северна Калифорнија, а 40-годишната пејачка го носела новороденчето во раце за време на прошетка.

Двојката засега не открива детали за бебето, па не се познати неговото име, полот ниту точниот датум на раѓање. Нема ниту официјална изјава од Гага или нејзиниот тим.

Гага и Полански се заедно од 2020 година, а се свршија во 2024 година. Пејачката во повеќе наврати во последните години отворено зборуваше за својата желба да стане мајка, а сега таа желба се претвори во реалност.

За Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, ова е ново поглавје во животот по години исполнети со музика, филмови и светски турнеи.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО