HomeМКДМАРИЈА МИТЕВА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО БОГОЈЕСКИ

МАРИЈА МИТЕВА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО БОГОЈЕСКИ

Изјавите на Петар Богојески за улогата на жената и потребата од таканаречен „машки надзор“ предизвикаа реакција од владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа побара ваквите ставови да не се нормализираат во јавниот простор и предупреди дека особено проблематично е нивното поврзување со насилството во партнерските односи.

Митева оцени дека претставувањето на жените како лица на кои им е потребна контрола од мажите е неприфатливо и спротивно на принципите на еднаквост и лична слобода. Според неа, дополнително загрижува тоа што во изјавите на Богојески се релативизира насилството врз жените.

Таа порача дека како претседателка на Унијата на жени, но и како жена, не може да прифати вакви погледи и нагласи дека жените мора да имаат еднакви можности, право самостојно да одлучуваат и слободно да учествуваат во општествениот и јавниот живот.

Митева ја посочи и иницијативата „За една повеќе“, преку која Унијата на жени, како што објасни, се залага за поголема поддршка, почитување и унапредување на положбата на жените.

Во реакцијата таа се осврна и на улогата на медиумите, поставувајќи прашање за границите на јавниот простор кога станува збор за изјави што навредуваат и го доведуваат во прашање достоинството на одредена група граѓани. Според неа, слободата на говорот е важна демократска вредност, но тоа не значи дека понижувањето треба да добива неограничена медиумска промоција.

Реакцијата на Митева следува по претходната осуда од Либерално-демократската партија, од каде што побараа Владата јавно да се дистанцира од изјавите на Богојески, особено од ставовите поврзани со „машкиот надзор“ и насилството врз жените.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО