HomeТРЕНДПОЧНА ГЛАСАЊЕТО ЗА НАЈДЕБЕЛИОТ МЕЧКА НА АЛЈАСКА

ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО ЗА НАЈДЕБЕЛИОТ МЕЧКА НА АЛЈАСКА

На Алјаска повторно се бара најголемиот и најтешкиот кафеав мечок, а интернет-гласањето за популарната „Fat Bear Week“ веќе започна. Оваа година во натпреварувањето учествуваат 16 мечки, а победникот ќе биде избран со гласови од јавноста.

Минатогодишниот шампион, мечокот број 32, познат како Чанк, повторно ја брани титулата. Неговата тежина минатата година била проценета на околу 544 килограми. Меѓу главните конкуренти е и Гали, потомок на двократната победничка Грејзер.

Натпреварувањето се одржува по 12-ти пат во Националниот парк Катмаи, каде живеат околу 2.200 кафеави мечки. Пред зимата тие јадат огромни количества лосос за да создадат масни резерви.

Најголемите примероци можат да достигнат тежина од над 450 килограми, а во текот на зимскиот сон губат значителен дел од телесната тежина.

Гласачите можат да ги следат мечките преку камери во живо и да ги споредуваат нивните фотографии од почетокот до крајот на сезоната на дебелеење.

Победникот на овогодишното натпреварување ќе биде прогласен на 29 септември.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО