HomeГЛОБУСТУРЦИЈА И ГРЦИЈА ГИ ЗАОСТРИЈА ОДНОСИТЕ

ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА ГИ ЗАОСТРИЈА ОДНОСИТЕ

Турција и Грција повторно влегоа во спор околу Егејското Море, откако Анкара прогласи два нови морски национални паркови.

Турските власти со одлуката опфатија повеќе од 23.000 квадратни километри морска површина, вклучително и области во близина на грчкиот остров Кастелоризо и североисточниот Егеј.

Атина реагираше остро и оцени дека дел од зоните се протегаат во области надвор од турската јурисдикција. Грчкото Министерство за надворешни работи порача дека еднострани одлуки не можат да ги менуваат правата што двете земји ги имаат според меѓународното право.

Анкара, пак, тврди дека парковите се воспоставени со цел заштита на морската средина и биолошката разновидност.

Спорот дополнително го зголемува притисокот во односите меѓу двете земји, кои со години имаат нерешени прашања околу поморските граници, континенталниот гребен и правата на островите во Егејот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО