Полицијата трага по 42-годишна жена од Скопје, која е пријавена за исчезната откако пред неколку дена го напуштила домот на својата тетка и оттогаш не е пронајдена.
Случајот во Полициската станица Центар го пријавила 60-годишната М.М. од Скопје. Според пријавата, нејзината 42-годишна внука А.С. на 18 август околу 22 часот излегла од домот и не се вратила.
По пријавувањето, полициските службеници преземаат мерки и активности за утврдување каде се наоѓа жената и нејзино пронаоѓање.
Случајот е пријавен на 21 август, а полицијата продолжува со потрагата.

