HomeСПОРТВЕРСТАПЕН ДО ПРВАТА ПОЛ-ПОЗИЦИЈА ВО СЕЗОНАТА

ВЕРСТАПЕН ДО ПРВАТА ПОЛ-ПОЗИЦИЈА ВО СЕЗОНАТА

Макс Верстапен повторно покажа дека Red Bull може да биде исклучително брз кога се одлучува стартната позиција. Холанѓанецот ги контролираше квалификациите и го освои пол-позицијата за Големата награда на Бахреин, која оваа година, поради измените во календарот, се вози на патеката Сепанг во Малезија.

Верстапен беше најбрз во сите три квалификациски сегменти, а во решавачкиот Q3 постави време од 1:35.130 минути. Со тоа заврши речиси три десетинки пред Луис Хамилтон, кој со Ferrari го освои второто место.

Одличен резултат постигна и тимскиот колега на Верстапен, Исак Хаџар, кој заврши трет со време 1:35.558. Сепак, Французинот има казна од пет стартни позиции поради промена на делови од погонската единица, па нема да стартува од третото место.

Четврти во квалификациите беше лидерот во шампионатот Кими Антонели, пред Шарл Леклер, Ландо Норис, Оскар Пјастри и Џорџ Расел. Во топ 10 се пласираа уште Пјер Гасли и Габриел Бортолето.

Верстапен ја наметна својата брзина уште во првата квалификациска сесија. Во Q1 постави 1:36.477 и веднаш ги остави зад себе Хамилтон и Леклер. Во оваа фаза испаднаа Нико Хулкенберг, Оливер Берман, Естебан Окон, Алекс Албон, Валтери Ботас и Серхио Перез.

Во Q2 холандскиот возач повторно беше најбрз, овојпат со 1:35.696. Антонели имаше дополнителен притисок откако првиот брз круг му беше избришан поради излегување надвор од границите на патеката. Со вториот обид сепак успеа да обезбеди пласман во Q3.

Во завршната сесија Верстапен дополнително го подобри времето и стигна до првата пол-позиција во сезоната.

Поради казната на Хаџар, Антонели би требало да се помести на третото стартно место, додека Леклер, Норис, Пјастри и Расел исто така ќе напредуваат по едно место. Хаџар би требало да стартува осми.

За Верстапен ова е прва пол-позиција во 2026 година, а интересно е што последниот пат кога Формула 1 се возеше на Сепанг, во 2017 година, токму тој ја освои трката.

Овогодишната трка официјално се води како Голема награда на Бахреин, иако поради промените во календарот се вози во Малезија. Трката е закажана на 56 круга, со старт во 9:00 часот по македонско време.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО