HomeСПОРТО'НИЛ ПОД СÈ ПОГОЛЕМ ПРИТИСОК ПО ПОРАЗОТ НА СЕЛТИК

О’НИЛ ПОД СÈ ПОГОЛЕМ ПРИТИСОК ПО ПОРАЗОТ НА СЕЛТИК

Селтик се наоѓа во тежок период, а притисокот врз тренерот Мартин О’Нил дополнително се зголеми по поразот од Ференцварош во Лигата на Европа. Шкотскиот клуб на домашен терен загуби со 1:3, само неколку дена по поразот од Ренџерс во Лига купот.

За Селтик погоди Мајк Баур, додека гостите постигнаа три гола преку Кристофер Захаријасен, Даниел Арзани и автоголот на Лиам Скејлс.

Дополнителна бура предизвика интервјуто на О’Нил пред натпреварот. Тренерот беше прашан зошто решил да направи промена на голманската позиција и наместо Сем Џонстон да го стави Вилјами Синисало.

О’Нил одговори дека нема намера да ја објаснува својата одлука, додавајќи дека не е негова обврска на новинарите да им ги образложува сите тактички избори. Новинарката Кони Меклафлин му возврати дека прашањето е поставено затоа што истото го интересира и навивачите.

Разговорот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од навивачите го критикуваа начинот на кој тренерот одговорил на новинарското прашање, оценувајќи дека неговиот настап бил непотребно остар. Се појавија и коментари со барање телевизијата да реагира поради неговото однесување.

На терен, ситуацијата за О’Нил станува уште посложена. По двата последователни порази, Селтик веќе во недела го очекува ново дерби против Ренџерс на „Селтик Парк“.

О’Нил, кој во текот на својата кариера ги предводел Норвич, Лестер, Астон Вила, Сандерленд и Нотингем Форест, на почетокот на 2026 година повторно седна на клупата на Селтик. Тоа е негов втор мандат во клубот, откако претходно беше тренер од 2000 до 2005 година.

Со Селтик во првиот мандат освои девет трофеи, а има освоено трофеи и со Лестер и Астон Вила. Од 2013 до 2018 година беше селектор на Република Ирска

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО